Бере сезонски, живее цела година
Македонскиот завод за статистика неделава ја соопшти стапката на сиромаштија од 31,1%, што е највисока од осамостојувањето на државата.
Најсирмашни се невработените и кај оние со ниско образование. Тие се исправени пред дилемата дали да се остане на социјална помош или да се најде алтернативен пат до заработка?
БиБиСи посети неколкумина беровчани, кои користејќи ги традиционалните вештини од невработени и стечајци, станале претприемачи.
„Живеам од овие работи, бидејќи сум невработен, а сум завршил факултет, па мора да се снаоѓам. Секој човек, нормално, мора да најде некое решение."
Илчо Христов, инженер по заштита при работа, кој живее од вештината на своите десет поцрвенети прсти полни со ситни убоди од капини и малини. Илчо е собирач на шумски плодови, прави сокови и мармалад, кои ги продава.
Тоа е работата која тој сосема случајно ја почнал откако дипломирал и од Скопје се вратил во родното Берово.
„Завршив факултет во 1994 година. Мајка ми ми рече да собирам габи. Еден човек пак ме викна да собираме боровинки. Собрав 2-3 кила и така почнав“.
За пензија...
Собирањето шумски плодови е сезонска работа, но сепак од неа може добро да се живее преку целата година. Лошата страна за Христов е што нема ни ден пензиски стаж.
„Е за пензија - 'мало морген'. Сега да не излезе дека не сакам, но како што тргнале работите ќе излезе така."
БиБиСи: Сега ако ви понудат работа како инженер по заштита при работа, ќе ја оставите работата со шумски плодови?
„Нема да ја оставам, не ја оставам, нема шанси. Добра работа е по приход."
Овој мајстор за густи сокови од шумски плодови како што се претстави, го најдовме на Етно фестивалот во Берово.
На еден од штандовите, веднаш до разбојот ја најдовме Љубинка Механџиска, стечајна работничка, која сега има свој салон за ракотворби во селото Русиново. По пропаѓањето на конфекцијата Беровчанка, каде шиела, купила модерен разбој и почнала да ткае шалови од срма и ракотворби.
„Секоја ваква работа е трудна, тешка, ама во сегашниот живот пак ќе донесе некоја егзистенција. Мора да се работи."
Во салонот на Љубинка често доаѓаат дипломати, странци и домашни купувачи. Продава и преку интернет и посредници за странскиот пазар. Проблем е, според Љубинка, што младите не знаат да ткаат и не се заинтересирани да го продолжат бизнисот, иако заработката е солидна.
„Навечер шетаат, дење им се спие, а ткаењето е макотрпна работа.“
За бизнисот со килими на семејството Поповски работат само средовечни жени, кои ги ткаат дома, на традиционалните разбои.
Он лајн и традиција
Јадранка Поповска, и самата стечајка од Гобленка, вели дека засега наоѓаат работнички, но проблемот може да се јави понатаму.
„Младите не сакаат да се нафатат на оваа работа. Ќе мора, нема друго, мајките што ткаат ќе ги научат своите ќерки на 20, 30, 40 години, бидејќи безработицата е многу голема."
Жените од беровско обединети преку здружение се прославија по светот по вешто исткаените или плетени работи. За американскиот пазар работеа џемпери за кучиња, чорапи и облека по порачка.
Иако веќе длабоко навлегле во средните години, научиле што е он лајн шопинг, како што го нарекуваат електронското купување.
Познавањето на вештините на нивните баби и мајки им овозможи добар живот во овие транзициски години.
Соковите на Илчо Христов |
Најсирмашни се невработените и кај оние со ниско образование. Тие се исправени пред дилемата дали да се остане на социјална помош или да се најде алтернативен пат до заработка?
Ќе мора, нема друго, мајките што ткаат ќе ги научат своите ќерки на 20, 30, 40 години, бидејќи безработицата е многу голема Јадранка Поповска, ткајачка |