Две години затвор, ова е казната за Ѓорги Ѓорѓиески, возачот на Туарегот на Тоше. Кобното утро на 16 октомври не ја почитувал брзината на движење и не го одржувал потребното растојание за движење по автопатот Липовац – Загреб.
Поради тоа десниот преден дел на возилото удрил во задниот лев дел на товарното возило Волво, а како резултат на нагмечува од прекин на продолжениот мозок почина Тоше Проески. Ваквата одлука за одбраната на Ѓорѓиевски е жална.
- Не сме задоволни од пресудата и се што имаме да кажеме понатаму ќе го наведеме во жалбата до Апелацискиот суд. Жално е ова што се случи, македонското судство и денеска покажа дека треба да се реформира - изјави денеска по објавувањето на пресудата за Ѓорѓиески неговата адвокатка Силвија Џилвиџиева.
Одбраната не е задоволно од прифатените докази. Иако побараа не добија повторување на вештачењето, ниту проверка на борд компјутерот на џипот, како и постапката во која според нив треба да се утврди од кога недостасувале клучни делови и алармни системи на Туарегот.
Во своите последни зборови, со солзи во очите Ѓорѓиески му порача на судот дека тој веќе е казнет откако го изгубил својот брат.
- Покрај се, Тоше е Тоше - изјави Ѓорѓиески.
По две години од трагедијата во Нова Градишка, Ѓорѓи Ѓорѓиески заработи две години казна затвор. На оваа одлука одбраната ќе поднесе жалба.