Министрите за надворешни работи на Европската унија го одложија решението за можноста Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство.
Усогласеното соопштение по средбата во Брисел вели дека прашањето ќе се разгледува повторно во текот на следното претседателство.
Ротирачкиот мандат од 1 јануари и’ следува на Шпанија и трае шест месеци.
Министрите велат дека заеднички прифатливото решение за спорот со името со Грција останува суштинско.
Дотогаш европските лидери очекуваат Македонија и Грција интензивно да преговараат за решение на спорот со името, соопшти попладнево во Брисел шефот на шведската дипломатија Карл Билт.
-„Охрабрени сме дека продолжуваат преговорите. Има атмосфера за директни преговори и за кратко време да се дојде до решение на спорот", изјави Билт.
Тој оцени дека овој заклучок на европските министри е компромис од кој не се задоволни ниту македонската ниту грчката страна, но добро е што покажуваат волја за надминување на проблемот.
Грција се противеше затоа што бара Македонија да не добие воопшто датум за преговори, ако не се реши спорот со името.
Премиерот Никола Груевски, кој денеска во Брисел учествуваше на конференција за Балканот, заклучокот од министерскиот состанок го оцени како „софистицирано вето".
Сепак Груевски вели дека има надеж во наредните месеци да се постигне некаков напредок.
Грција се противи на името на нејзиниот северен сосед и бара да се додаде географска одредница и таквото име да биде за севкупна употреба.
Премиерот Груевски денеска во Брисел ја обвини Атина дека сака „да го смени нашето име и нашиот идентитет.“
Во потрага по зборови
По вчерашната жешка расправа што се водеше неколку часа, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија синоќа не можеа да ја убедат Грција да го прифати заклучокот што го предложи шведското претседателство во март да и’ биде одреден датумот за преговори на Македонија со Унијата.
Грција одби да биде определена каква било временска рамка за одредување датум без да се постигне решение на спорот со името.
И покрај инстистирањето на шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, датумот за преговори да се одреди во текот на 2010, грчкиот заменик шеф на дипломатијата Димитрис Друцас инсистирал овој предлог заклучок сосема да биде избришан.
Грција добила поддршка и од други земји, но засега не се открива кои се тие, а расправата продолжува претпладнево.
Сношти беше најавено и дека Билт ќе го консултира македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска дојде да учествува на денешната конференција за Западен Балкан.
Реакции
Ѓорге Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов, на обраќање по повод денешниот државен празник Свети Климент Охридски, рече дека Македонија ќе опстои, каков и да биде исходот од преговорите за името:
-„Добиваме колеблив одговор, добиваме решенија кои важат од денес за утре, си дозволуваме блокади, притисоци, на ситните интереси. Гледаме отсуство на визија, добиваме најави за 2012-та, 2014-та, 2015 година. Како мислиме да ги постигнеме тие рокови со опструкции и попречување“, изјави Иванов.
Политичкиот аналитичар Суад Мисини смета дека ситуацијата е особено комплицирана особено поради, како што вели, „клинчот“ меѓу земјите од ЕУ и нивната желба на Македонија да и’ се одреди почеток на преговорите за членство:
-„Апсолутно сите работи се на маса и мислам дека шведското претседателство има огромна желба и огромни проблеми да издејствува нешто попозитивно за Република Македонија. Она што е жално е што ние практично не им помогнавме за тие да ни помогнат нам. Тоа мислам, е наша пропуштена шанса и прилика. Треба да знаеме дека шпанското претседателство нема да биде толку благонаклонето кон Република Македонија односно нема да се бори како што се бори сега оваа група држави која што ја предводи Шведска. Мислам дека тоа што ние не треба да го дозволиме во наредниот период е да ја искомплицираме уште повеќе нашата позиција и нашите шанси за добивање датум не само заради шпанското претседателство туку зради тоа што се можни разни радикализации кај нас, можни се извесни избори и така натаму. Сето тоа може да ја докомплицира работата и ако сега не сме успеале, мислам дека треба да успееме во наредните шест месеци да го добиеме тој датум“, вели Мисини во разговор за БиБиСи.
Очекувања
Во решавањето на проблемот со името, македонската влада инсистира на гаранции за зачувување на идентитетот на народот и на македонскиот јазик.
Светлана Јовановска, долгогодишен известувач на весникот „Дневник“ од Брисел, објаснува што може да се бара од Македонија во наредните шест месеци.
-„Прво ќе се бара решение на спорот, тоа што од Македонија се бара од почетокот на нејзиното евроатланско интегрирање, како што беше во НАТО, како што е сега во ЕУ. Се бара да се реши спорот со Грција на начин кој што е прифатлив за двете страни. Меѓутоа она другото што веднаш ќе се бара од Македонија, од македонското раководство, е да се воздржи од изблици, така да речам, на незадоволство што можат да доведат до радикализирање на состојбите, до национализам. Значи да не се дојде до ситуација да се охрабрува незадоволство во Македонија", вели Светлана Јованска, известувач на весникот „Дневник“ од Брисел.