ОбезглавенатаПолска“ тажи и трага одговори
Полските
власти велат дека се' уште има останки од тела заглавени во распаднатиот
труп од авионот кој во саботата се урна
во западна Русија - при што загина полскиот
претседател Лех Качински и други високи претставници.
Истрага
Полскиот јавен обвинител Анджеј
Серемет, рече дека засега се најдени останките од 87 луѓе и дека тој се
надева оти и другите
ќе бидат извлечени, откако спасувачките екипи ги
подигнаа остатоците од авионот со тешка машинерија.
Во авионот имаше 96 патници, во
моментот кога се урна во шумата во близина на аеродромот во Смоленск. Никој не ја преживеа несреќата. Во
Русија денеска е ден на жалост, а знамињата се на половина копје.
Полската делегација одеше на
комеморативната служба во близина на Катинската шума, крај Смоленск,
каде што пред 7 децении
советската војска уби илјадници полски офицери.
Што се случува во Варшава?
Во претседателската палата се отвори
книга на сочуства и долга редица на луѓе со нетрпение чекаат да оддадат
почит.
Во вторник телото на претседателот
Качински ќе биде положено за последен поздрав и се очекува илјадници
полјаци да поминат
покрај него во следните неколку денови.
Датум за погребот на претседателот
сеуште не е одреден, иако некои од полските медиуми повикуваат за
заедничка церемонија
за сите деведесет и пет други жртви кои погинаа во
авионската несреќа.
Русија исто така прогласи ден на
жалост денес, уште еден знак на помирување меѓу двете земји по децении
на взаемно сомневање
и омраза.
Руски напори
Полските аналитичари ја поздравија
улогата на рускиот премиер Владимир Путин веднаш по несреќата.
Тој лично ја контролира истрагата за
несреќата која се повеќе укажува на човечка грешка.
Еден владин претставник вели дека не
очекувале толку љубезен пристап од страна на Русија и Путин.
Претседателот Качински и неговата
делегација летаа кон Русија за да го одбележат масакрот на Полјаците кај
шумата Катин за
време на Втората Светска Војна.
Самата посета беше видена како чекор
кон поголемо пријателство меѓу двете земји.
Сега трагедијата на оваа авионска
несреќа, може да послужи како пресвртна точка во односите меѓу овие
вековни непријатели.
|