Потребни состојки:
* 20 грама Таан
* 30 грама Ореви
* 30 грама Мед
* 30 грама Маџун
* 100 грама Кршени житни зрна (пченица, р`ж, јачмен)
* Време за подготовка: 10 мин.
* Време за готвење: 15 мин.
* Коментар: нема коментар
* Сподели
Краток текст:
Утрото почнете го со појадок од житерки за да си обезбедите доволно енергија за дневните активности, а при тоа да не ги оптоварите органите за варење. Вака подготвениот оброк лесно се вари, а вие ќе се чувствувте сито. Во него има доволно калории неопходни за да го започнете денот. Но најважно е што содржи многу хранливи материи за да се метаболозира постепено.
Подготвување:
Кршените житни зрна ставете ги во длабок сад и измијте ги со благо мешање со дрвена лажица или со рака. Исфрлете ја водата и ако има потреба постапката повторете ја уште еднаш.
Ставете ги измиените житни зрна во сад во кој ќе ги вареите и налејте ги со 2,5 дела вода. Оставете ги житните зрна да се киснат. Колку подолго ги киснете, пократко ќе ги варите. Доколку предходно не се киснеле, житните зрна се варат околу 15 минути. На киснатите житни зрна им е потребно многу помалку време. Ако ги киснете цела ноќ потребно е да ги варите само 1 минута.
Оставете ги да се оладат во покриен сад.
На оладените житни зрна додајте им го таанот, медот и сецканите ореви и измешајте ги.
На крај прелијте ги со маџун.