"Тајмс“ и „ Санди тајмс“ почнаа да го
наплатуваат читањето на нивните сајтови
01.06.2010 - 13:32 |
Британските весници „Тајмс“ и „Санди
тајмс“ од денеска излегуваат со нови вебсајтови, за кои интернет
корисниците ќе треба да плаќаат претплатничка такса, а тоа е новост во
индустријата на весници, информираа светските агенции.
Одлуката он-лајн содржините да почнат да се плаќаат беше
соопштена уште во август минатата година од медиумскиот магнат Руперт
Мардок, кој е сопственик на двете изданија, како и на „Сан“ и „Њуз оф д
ворлс“ во Велика Британија.
Компанијата „Њуз интернешенел“, филијала на групата на Руперт Мардок
„Њуз корпорејшн, исто така го поседува и „Волстрит џорнал“ во САД, каде
веќе се воведени претпалатничките такси.
Според компанијата, американското издание е едно од најдобро
платените сајтови со над 400.000 електронски корисници.
Одлуката за британските изданија влегува во сила од денеска, 1 јуни,
и внимателно ќе биде следена од другите весници во земјата.
Преку он-лајн на читателите ќе им биде предложен еднонеделен платен
достап до двете изданија за две фунти (2,86 долари), а еднодневниот
достап ќе чини една фунта.
Претплатниците на печатените изданија ќе имаат бесплатен он-лајн
достап.
Цената за меѓународните претплатници е два долара на ден и четири
долари на недела.