3аштита од комарците |
околу тоа колкав е ризикот за регионот.
Кај македонската стручна јавност постои согласност дека климатските промени ќе донесат нови болести или заболувања кои одамна
се искоренети, како маларијата што ја пренесуваат комарците.
Маларија
Во пелагонискиот регион во минатото имало случаи на маларија, но болеста во Македонија одамна е искоренета, а повремено се
јавуваат заболени кои заразата ја добиле во некои други краишта во светот.
Затоа веста за појава на еден вид маларија во Грција и Бугарија сега ги вознемири жителите на Пелагонија.
Некои тврдат дека забелжале таканаречени „тигрести“ комарци, кои ја пренесуваат оваа болест.
Овој вид инсекти главно живеат во Азија но ги има и во медитеранските земји, а од недоамна е потврдено дека се забележани
и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грција.
Директорот на Заводот за јавно здравство во Битола, Тони Коњановски, вели дека засега нема верификација дека „тигрест“ комарец
има во овој југо-западен регион од Македонија.
"Очекувано е да се најде кога го има во регионот на медитеранот, нему му требаат застојни води во кои тој и преку денот се
развива лесно."
Епидемиолозите во Македонија не исклучуваат дека климатските промени можат да ја вратат маларијата во овие краеви.
Пелагонскиот регион има медитеранска клима, па сосме логично е присуството на болести од медитеранските земји.
Претпазливост
Епидемиологот Жарко Караџоски од овој Институт, предупредува дека ќе се зголеми бројот на заболени од зарази што се пренесуваат
преку вода, вклучувајчи ги и оние болести кои се минато за Макеоднија.
"Тоа е потенцијална можност за
појава на маларија во оние предели каде не се прави контиунирано прскање
против комарци или
не се води сметка за отстранување на крлежите. Во
просторите на шумите, во ливадите, има зголемена можност за појава на
инсекти
и глодари, кои човекот би го имале како домаќин."
Во одбрана на можните болести
Институтот за јавно здравство изработи упатства до општините и граѓаните
за тоа како да се подготват.
Превентивно од општините се бара прскање против комарците и други инсекти.
Но некои општини се одлучија да штедат, со образложение дека е прескапо авионското прскање, а ефектот е минимален.
Доктор Коњановски вели дека е тоа погрешен потег:
„Тоа е можам да кажам и законска обврска на локалните самоуправи. Во секој случај не е препорачливо и не смее да постои изговор
од тој тип дека нема средства. Тоа е превентивна мерка позната секаде во светот."
Тигрест комарец
Зоолозите во Босна и Херцеговина го потврдија присутвото на „тигрестиот“ комарец кој е оценет како агресивен инсект, кој напаѓа
дење, прави поголем убод од обичниот комарец присутен на овие прсотори.
И дека тој го пренесува вирусот кој предизвикува болест со потешка клиничка слика од вирозите.
Хрватите покренанаа цела кампања кај граѓаните за мерки за заштита од комарецот.
Овој вид инсекти лесно се адаптира и размножува, што значи во време на годишни одмори и патувања лесно може да се пренесе од подрачјата каде го има.
Но засега епидемиолозите смируваат дека Македонија не е дом на „тигрестиот“ комарец.