Атина под финансиска лупа - повторно
Претставници на Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд денеска во Атина треба да дадат оценка за тоа дали Грција треба да добие трета транша од повеќе милијарди долари вредниот пакет за економски спас на земјата.
Непосредно пред нивното пристигнување се очекува да бидат објавени статистички податоци според кои минатогодишниот дефицит на земјата е значително повисок отколку што се претпоставуваше.
Вчера премиерот Папандреу рече дека успехот на неговата Социјалистичка партија на регионалните избори е доказ дека има мандат да ги спроведуведе непопуларните економски мерки.
Оваа супервизија на грчкото финансиско здравје доаѓа во клучен момент.
Европа размислува дали да му ги пополни финансиските дупки на уште еден болен - Ирска.
По шест месеци помош, Грција не успева да одговори на обврките кои од неа беа побарани.
Сега, по грчкото искуство, Германија нема да биде охрабрена да фрла пари и во ирскиот проблем.
Меѓународните сметководители кои ќе ги разгледуваат грчките статистики, од премиерот Папандреу веќе дознаа дека Атина нема да успее да ги оствари целите за 2010 година, кои беа поставени како услов за меѓународната финансиска помош.
Згора на ова, изгледа и дека грчкиот долг ќе се зголеми. Европската статистичка агенција ЕУРОСТАТ денеска прави ревизија на бројките за дефицитот за 2009 година.
Тој последната година полека се зголемуваше и во моментов е на нивото од 13.6%.
Се тврди и дека Еуростат нашла два неевидентирани проценти закопани во несигурните статистички книги на Грција.
Папандреу призна дека земјата веројатно би можела да побара повеќе време за да одговори на обврските за заемите.
Тој смета дека Грција заслужува простор поради нејзината посветеност на промените.
Сепак тој не сака да затвора работни места во јавната администрација - светата крава на Грција - каде што работните места се загарантирани доживотно.
Европската Унија и ММФ сега се во теснец - оваа недела треба да решат дали да почнат да ја исплаќаат и третата транша од пакетот.
Тие веќе инвестираа многу во тоа Грција да не банкротира. Но, Атина не ги исполни обврските.
Јоргос Папандреу бара повеќе време за да одговори на обврските |